06.06 и 07.06.2019 

Business Intelligence-Alignment of IT & Business

Аплицирај за семинарот  

Општи податоци


Датум на одржување: 06 и 07 јуни 2019
Локација: АБИТ 
Времетраење: 17:00 – 20:00 часот
Рок за пријавување: 03 јуни 2019

КОНТАКТ ИНФО: +389 2 312 55 00, +389 70 355 656

Уплатата за учество на обуката е 5.900
За втор учесник од иста банка се доплаќа 80%.

НАПОМЕНА: полноправните членки на АБИТ, плаќаат само 50% котизација.   

Цели


Учесниците ќе се запознаат со основните компоненти кои ги сочинуваат системите за Деловна Интелигенција. Ќе бидат опфатени сите архитектурни нивоа почнувајќи од податочните извори, трансформацијата на податоци во податочни складови, аналитика на податоци, па се до презентација и визуелизација на резултатите од страна на крајните коризници. Посебен акцент ќе биде даден на бенефитите од истражување на обрасци и креирање на знаење од историски податоци со цел да се предвидат идни трендови и настани, кои помагаат во денесување на стратешки одлуки од страна на менаџментот.

 

Целна група


ИТ професионалци, бизнис аналитичари, млади системски инженери, млади софтверски програмери, аналитичари на деловните процеси.

Содржина


МОДУЛ 1: Концепт и архитектура на системите за Деловна Интелигенција

 

МОДУЛ 2: Архитектура и аналитика на големи податоци

 

МОДУЛ 3: Техники на откривање на знаење во податоците

 

МОДУЛ 4: Презентација и визуелизација во системите на Деловна Интелигенција

Потврдување и јазик


На крајот од обуката секој слушател добива сертификат за учество.

Обуката се изведува на македонски  јазик

Предавачи


Д-р Татјана Василева Стојановска

Советник програмер во Дирекција за информациска технологија
Народна банка на Република Македонија

Татјана Василева Стојановска дипломираше на Природно Математичкиот Факултет во Скопје, а докторираше на Факултетот за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство при УКИМ, Скопје во 2015 година. Нејзиниот истражувачки интерес е фокусиран на изведување на знаење во адаптивните интелигентни системи, фази логика и образование од далечина. Автор е на петнаесетина научни трудови објавени во реномирани меѓународни журнали. Работи во Народната Банка на Република Северна Македонија, каде има дизајнирано и имплементирано повеќе ИТ системи од областа на банкарството, електронско потпишување на податоци, Деловна Интелигенција и други. 


Icon

Ул. „Орце Николов“ бр. 75 1000, Скопје (зграда на Македонска берза АД Скопје - први кат)

Icon2

+389 2 312 5500


Site by