АБИТ АНАЛИЗА: СТРАНСКИ ДЕВИЗНИ ПРИЛИВИ


Во АБИТ, знаеме да коментираме дека за да се биде песимист или оптимист, во голема мера се определува од начинот на функционирање на мозокот, а под влијание на нашите гени да привлекуваме различна енергија. Во ваквиот начин на размислување, важно е да се изгради еден балансиран пристап кон сите видови на ситуации што можат да се појават, како поединци, а потоа и како групи. Според нас, во АБИТ, општеството е поделено по различни основи (читај: христијани-муслимани, лево-ориентирани и десно-ориентирани, мажи и жени), но во основа е поделено на два дела: песимисти и оптимисти.


За цели на денешнава АБИТ анализа, ја земаме како просек, состојбата на девизните приливи на нашата дијаспора. Имено, таа бројка изнесува 1,5 милијарди евра годишно, пари, што ги испраќаат иселениците во македонската економија (ова е просек од анализа на изминатава декада, со исклучок на 2020 година). Исто така, важно е да се каже дека во изминатава декада девизните приливи од странство во македонската економија континуирано растат (освен во кризната години), а во релативни бројки тие се движат од 18 до 23% од БДП. Лани, според АБИТ анализите, постоеше одредено намалувањето на странски девизни приливи, поради глобалната криза со пандемијата и намалените активности. Тоа, негативно се одрази на земјите од Западен Балкан, а со тоа и на македонската економија. Причините се бараа во зголемувањата на бројот на невработени лица, особено во земјите од Западна Европа. Но, таквите неповолни трендови беа краткорочни. Иако, треба да се биде претпазлив во ваквите толкувања, ако се земат во предвид направените анализи на Светската банка, некаде на почетокот на кризата во 2020 година, во кои, таа предвидуваше дека дознаките од иселениците до своите семејства во матичните земји на глобално ниво за целата 2021 година ќе се намалат за 20 отсто. Сепак, за оваа 2022 година, мораме да укажеме дека Светската банка дава една оптимистичка перспектива за ваквите неповолни трендови од пандемиските години.


Icon

Ул. „Орце Николов“ бр. 75 1000, Скопје (зграда на Македонска берза АД Скопје - први кат)

Icon2

+389 2 312 5500


Site by