АБИТ АНАЛИЗА: КОЛАТЕРАЛОТ ВО КРЕДИТИРАЊЕТО


Кога зборуваме за ризиците, не може, а да не се спомене кредитирањето, особено колатералот (обезбедувањето) при таквата постапка. Според тоа, ние во АБИТ, сведоци сме, денес, особено граѓаните (не-банкари), на пласман на еден сет на разно-разни шпекулативни информации, во насока на банките. За таа цел, како АБИТ аналитичари, сакаме да дадаме еден краток осврт во контекст на тоа, а се однесува на колатералот (обезбедувањето) во кредитирањето.


Имено, секоја македонска банка, самата за себе, може да си одлучи, секако, ако се исполнети минималните регулаторни барања, за јачината на колатералот (читај: обезбедувањето). Тој, може да биде оптимален, појак или послаб. Тоа е така секаде во светот, особено во земјите кои се силни поддржувачи на стартапите, каде, како земја, македонската насока е натаму. Значи, ништо нема страшно, ако, би употребиле еден збор, „лабаво“ се избере обезбедувањето од страна на управата на банката. Но, за сметка на тоа, менаџментот мора да ја подигне летвичката на ризиците повисоко и да преземе поголем ризик, кој, на крајот за банката ќе предизвика потреба од вложување на поголем свеж капитал од надвор, за да нема никаква опасност за адекватноста (читај: тука регулативата е строга и бара да се одржува најмалку 8%, а со базелските стандарди број 4, таа треба да е над 10%).


Според тоа, лабавата претприемачка политика на кредитирање, и тоа како, треба да биде поддржана и истакната, како опција за државен развој (поточно, ние во АБИТ, така сме на мислење), само и само ако сопствеништвото (управата) во банките ја прати таквата лабавост со дотур на „свежи пари“ на страна на пасивата, во капиталот. Така, како што велат кабалистите од Тел Авив ќе има баланс. А, ако има дисбаланс, еве, како пример да го земам човечкото тело, тогаш неминовно доаѓа до наружување на здравјето, па и до разболување на телото.


Во контекст на ова, ние во АБИТ, би завршиле, со тоа дека големите износи на резерви за лоши пласмани имаат двојно значење, односно тие покажуваат показател за добри и за лоши перформанси во банката. Според неа, високите резерви на лоши кредити претставуваат сигнал за добри перформанси на банката, само во услови кога таа располага со средства кои имаат добар квалитет, како примерот со банката од Табелата:

Што значи, во овој случај банката може да направи резервации за лоши кредити на многу повисоко ниво од потребното (погледни во 2010 година – Табела 5) што пак, доведува до значително намалување на нето-приходот од минатиот период. Но сепак, ваквата постапка на банката е оправдана со оглед на квалитетот на кредитното портфолио, при што на крајот, се покажува како точна констатацијата дека високите резерви за лоши кредити се добар показател за перформансите на банката. Од друга страна пак, високите резерви за лоши пласмани сигнализираат лоши перформанси за банката кога квалитетот на кредитното портфолио е на ниско ниво. Тоа од своја страна, ќе влијае на обемот на резервите за лоши пласмани. Токму затоа, банката треба да ги држи на доволно високо ниво, со оглед на тоа што подоцнежните отписи ќе влијаат на нивното намалување. Исто така, кога резервите за лоши пласмани се високи, станува јасно дека се предизвикува двоен негативен ефект, и тоа: од една страна, паричните средства на кредитите се намалуваат, додека од друга, се намалува и приходот од камати.


ВАЖНО: Кај нас, во македонскиот банкарски систем, банките се со рекордно ниско ниво на нефункционални кредити. Но, и тие кои што ги имаме во системот како нефункционалните кредити, тоа не значи дека се не-наплатливи од старт, туку потребно е залагање и вештини, тие да се наплатат.


Icon

Ул. „Орце Николов“ бр. 75 1000, Скопје (зграда на Македонска берза АД Скопје - први кат)

Icon2

+389 2 312 5500


Site by