TRADE FINANCE SPECIALIST

Статија во „е-Банкар“ број 9

Андреј Ефтимов

Раководител на служба

Сектор за логистика на продажбата, Служба за документарно работење

НЛБ Банка АД Скопје

Кaкво е значењето на најновата сертификација за Trade Finance Specialist при АБИТ?

Воведувањето на предавањата за Trade Finance– TF-услугитеприАкадемијата за банкарство и информатичка технологија (АБИТ) претставува важен чекор кон понатамошна афирмација на документарните продукти – акредитивите, гаранциите и инкасо-наплатите, како класични форми на банкарски инструменти наменети за финансирање на трговијата во поширока смисла на овој поим.

Специфичностите и посебноста на овие инструменти наметнуваат потреба од континуирано едуцирање на вработените во банкарскиот сектор, но исто така и на стопанствениците и учесниците во платниот промет. Посетителите на овие предавања ќе можат да се пофалат дека се меѓу првите, ако не и први учесници на сертифицирана наставна програма штосе случува во државата надвор од универзитетските клупи и банкарските канцеларии. Од друга страна, предавачите несебично ќе се потрудат да го пренесат на најдобар начин своето знаење стекнато низ децениско работење на оваа тема.

За кого ќе биде наменета обуката?

Едукацијата е наменета за професионалниот кадар во банките, но истовремено и за заинтересирани субјекти од другите (не)финансиски субјекти. Особено оние што се јавуваат како баратели и/или корисници на спомнатите банкарски инструменти. Тоа можат да бидат државни институции, владини тела, министерства и сл.

Ќе биде од особена чест и значење во обуката да се вклучи и НБРМ со цел да се најдат форми на заедничко дејствување, каде што на најдобар начин би се ефектуирала синергијата од регулаторот и практичарите.

Кажете ни нешто повеќе за банкарските инструменти наменети за финансирање на трговијата

Цената на услугата за документарен инструмент е факторот што го прави атрактивен за клиентот на банката. Со оглед на тоа што речиси без исклучок основен аранжман за негово издавање претставува одредена комерцијална зделка и имајќи ги предвид намерите на договорните страни да ја реализираат, се смета за помалку ризичен банкарски инструмент.

Исто така, има третман на аранжман што самостојно се ликвидира. Имено, една од можните колатерални форми може да претставува предметот на набавката на клиентот. На пример,во случаите кога испорачателот е обезбеден со гаранција или со банкарски авал на меница проследена на наплата со инкасо.

Кога банката отвора акредитив, паричните средства на налогодавачот можатда бидат покритие за плаќањето. Но, плаќањето ќе се реализира дури по испораката на стоките, со оглед на тоа што платежниот механизам воспоставен при акредитивната соработка го овозможува тоа.

Од друга страна, производителот ќе биде сигурен дека нема да му биде откажана порачката и ќе може да ги пласира производите, веднаш кога тие се обезбедени со документарен инструмент.

Примената на инструментите за финансирање на трговијата ги намалуваат ризиците при комерцијалното работење. Може да се заклучи дека примената на инструментите за финансирање на трговијата ги намалуваат ризиците при комерцијалното работење. Не само од не плаќање или не испорачување на нарачаното. Со нив се елиминираат политичкиот ризик во одредена земја или во одреден регион, како и проблемите со трансфер на средствата, особено од една држава во друга. Ова им овозможува на деловните субјекти полесно да ги промовираат своите производи и услуги надвор од домашните граници. Обезбедувајќи го одложеното плаќање на предметот на купопродажбата, документарните инструменти можат да се третираат и како кредитна форма за поддршка на купувачите.

Која е улогата на банката при финансирање на трговијата?

Преку формите на финансирање на трговијата, банката се вклучува како олеснувач во деловните односи меѓу субјектите. Во домашните трансакции неретко таа е истовремено деловна банка и на барателот и на корисникот на Trade Finance инструментот.

Професионалниот и не пристрасниот пристап на банкарските професионалци во однос на комерцијалната основа за издавање на еден TF-инструмент создава предуслови комерцијалната зделка да се реализира на задоволство на двете заинтересирани деловни страни.

Без активната улога на банката во гарантирањето на плаќањето може да се очекува отежната реализација на трговската зделка, нејзино нереализирање, па дури и злоупотреба на довербата на деловниот партнер. Банката е присутна да го намали ризикот и да помогне да се реализира деловната активност особено, во отсуство на деловна доверба меѓу распишувачот на тендер и понудувачот, работодавачот и изведувачот, изведувачот и подизведувачот, купувачот и продавачот, увозникот и извозникот на стоки и/или услуги итн.

Каква е иднината на Trade Finance инструментите?

Низ столетијата, погоренаведените видови за финансирање на трговијата ја задржале својата основна функција, иако им се менувала појавната форма и начинот на комуникација меѓу инволвираните субјекти.

Во совремието добиваат и додадена вредност. Комбинирањето на Trade Finance услугите со другите класични форми на кредитирање може да се искористи за финансирање на клиентот од набавка на суровини и репроматеријали до пласман на готовите производи преку т.н. „supply chain“. Или да се применат за финансиско следење на разните фази во капиталните проекти во кои учествува комитентот.

Недоспеаните побарувања по реализираната испорака можат да бидат предмет на откуп од банката. Средствата од откупот, пак, да се користат како една од формите за менаџирање на паричните текови на економскиот оператор.

Дури и во услови на најсовремени форми на е-комуницирање и инволвирање на небанкарски институции во финансиските услуги сè уште е присутна потребата од класичните Trade Finance форми и вклучувањето на банките. Впрочем, факт е дека многу долго се присутни во деловните трансакции. Независно од нивната модификација во иднина, веруваме дека и понатаму ќе се задржат како составен дел на финансиското и комерцијалното работење.

На кој начин соработуваат Trade Finance експертите во Македонија?

Неоспорен е квалитетот на Trade Finance експертите во РМ. Индивидуално се наградувани за резултатите постигнати на домашен и меѓународен план.

Но, се наметна потреба од нивно заедничко дејствување. Ова резултираше во формирање на Комисија за документарно работење во 2014 година. Таа активно дејствуваше во Здружението на банкарство, при Стопанската комора на Македонија.

По воспоставување на Македонската банкарска асоцијација во 2018 година, Trade Finance експертите ја продолжија соработката преку новата Комисија за документарно работење, во рамките на новата самостојна банкарска институција.

Каков е статусот на овие банкарски услуги во светски размери?

Меѓународната трговска комора (International Chamber of Commerce– ICC) од Париз се фокусира на Trade Finance инструментите преку изработка на узанси за овие услуги и нивно континуирано ажурирање согласно тековните потреби на активните чинители. Тие се воведени заради олеснување на постапките и еднообразен пристап во третманот на основните инструменти за финансирање на трговијата погореспоменати, какои изведените банкарски услуги (откуп на побарувања– Forfaiting, Bank Payment Obligation– B.P.O.и сл.).

Податокот дека ICC-узансите за документарните инструменти се читаат, разбираат и применуваат еднакво исто на целата Земјина топка е доволен показател за применливоста, валидноста и придобивкитеод користењето на TF-инструментите.

Tailor made семинарите, обуките, предавањата и големиот број пишани дела за корисноста и специфичноста на овие инструменти дополнително ја оправдува важноста штоим се припишува.

Логично е да се заклучи дека е неопходно и Trade Finance фелата од РМ како специјалисти, а пред сèкако претставници на матичните банки, набргу да се здружат и по ова прашање. Така ќе можат преку локалните ICC-тела да ги канализираат своите потреби наметнати од спецификите на домашниот пазар.

Како би ја заокружиле оваа статија?

Сметам дека со вклучување на Trade Finance темите во програмата на АБИТ, Академијата ќе ја збогати својата програма со високостручна и тесно специјализирана програма. Придобивка од програма од овој вид ќе имаат како професионалците (практичарите во банките и во деловните субјекти), така исите оние што преку предавањата ќе можат да се запознаат со овој тип на банкарски услуги и да ги прошират своите претприемачки хоризонти.

Како иницијатор на програмата наменета на инструментите за финансирање на трговијата ми претставува неизмерно задоволство фактот што Синиша Наумоски имаше слух да ја препознае потребата од едукација за оваа банкарска област.

Ќе се потрудам да ја оправдам неговата доверба како активен дел од тимот на предавачи за првата генерација студенти на обуките при АБИТ наменети за градење на идните Trade Finance специјалисти во Република Македонија.


Icon

Ул. „Орце Николов“ бр. 75 1000, Скопје (зграда на Македонска берза АД Скопје - први кат)

Icon2

+389 2 312 5500


Site by