CERTIFICATION IN BUSINESS INTELLIGENCE & BIG DATA -  CBI & BD

Аплицирај Агенда 

Сертификациона програма за ИТ специјализација

Во текот на оваа програма, ќе бидат опфатени повеќе теми кои ја објаснуваат целта, примената и придобивките на Деловната Интелигенција (ДИ) во современите  корпоративни информациски системи. Започнувајќи од основните концепти на податоци и податочни типови, ќе бидат опфатени начините на трансформација и организација на податоците во податочните складови и мултидимензионални структури, кои што потоа ја претставуваат основата на системите за подршка при донесување на деловни одлуки. Концептот “големи податоци“ ги објаснува податоците кои по својот волумен и карактеристики се разликуваат од конвенционалните податочни структури. Во програмата се опфатени и концептите на откривање на знаење во податоците, а посебно во “големите податоци“, преку процесот на “ископување“ (data mining), односно примена на алгоритми и техники на вештачка интелигенција врз податоците, за да се откријат информации кои претходно биле непознати или неочекувани. Техниките на визуелизација  и презентација на податоците кои произлегуваат од системите за Деловна Интелигенција, се опфатени како посебно поглавје, во кое се истакнати предностите на графичката презентација на знаењето при анализа на комплексни феномени.

Напомена


Уписен рок:  во тек

Информации


Вкупен фонд на часови: 25 часови
Времетраење:  1 семестар
Почеток на предавања НОВИ групи: октомври 2022

Место: АБИТ (Ул. „Орце Николов“ бр. 75 зграда на Македонска берза 1-ви кат) / онлајн преку ZOOM платформата
Динамика на обуката: еднаш неделно неделно 

Напомена: полноправните членки на АБИТ плаќаат 50% партиципација

exam feeCBI & BD
30 EUR 480 EUR- 29.616 МКД
невработени и студенти 20%
384 EUR - 23.693 МКД


Icon

Ул. „Орце Николов“ бр. 75 1000, Скопје (зграда на Македонска берза АД Скопје - први кат)

Icon2

+389 2 312 5500


Site by