30.05.2019
WAY of SUCCESS - STARTUPS (practices and experiances from Israel)
1+1 гратис учество!!!
Аплицирај за семинарот
Општи податоци
Локација: НБРСМ (Конгресна сала 8 кат)
Времетраење: 16:00 – 19:00 часот
Рок за пријавување: 21 мај 2019
КОНТАКТ ИНФО: +389 2 312 55 00, +389 71 215 118
ЦЕНА:
Уплатата за учество на обуката е 1.500 ден.
НАПОМЕНА: 20% попуст за студенти и невработени
Опис
Оваа обука има за цел да ја објасни улогата и значењето на STARTUPS компаниите во рамките на новите трендови и предизвици.
Обуката ќе опфати практики и искуства од значајни претприемачи од Израел и Република Северна Македонија, каде што во рамките на нивната приказна ќе излезат со говор за мотивација, начинот и патот како да се успее со своите идеи, како да се преземат нови предизвици и да направат напредок и раст на новоотворените STARTUPS компании.
Целна група
Семинарот е наменет за сите млади и идни претприемачи, студенти, како и сите други кои сакаат да се запознаат и разменат искуства од домашните и странските основачи на успешни STARTUPS компании.
Потврдување и јазик
На крајот од обуката секој слушател добива специјалстички сертификат од страна на Институтот ХАЈДЕЛБЕРГ.
Обуката се изведува на англиски и македонски јазик.
Предавачи
Ram Gilboa
C.E.O Korea-Israel Co.
Рaм Гилбоа студирал антропологија и бизнис менаџмент во САД, продолжил со студии за историја, филозофија и социологија на науката и идеите во Израел.
Тој живеел Ј. Кореја 8 години, каде што работел за Израелската амбасада, предавал на универзитетот и бил консултант за неколку корејски владини деловни организации.
Во моментов, Рам живее во Израел и е сопственик на StepUp Медика, која е компанија која развива скали за искачување на инвалидска количка.
Ова е негова трета компанија за стартување.
Проф. Д-р Синиша Наумоски
Член на Народна Банка на Република Северна Македонија
Извршен директор на Академија за Банкарство и Информатичка Технологија – АБИТ
Професор на Институтот за Бизнис и Менаџмент ХАЈДЕЛБЕРГ Скопје
Даниела Милошеска
Основач на BastetNoir и Coffice Co-working
Дипломиран магистер со завршени додипломски студии по претприемништво во Словенија и магистерски студии за моден и луксузен менаџмент во Франција. Работното искуство го започнува како практикант во македонска компанија за организирање на настани, каде работи како проект менаџер на организација на конференција за односи со јавноста, а го продолжува во Лондон како бизнис истражувач во Ethical Fashion Forum. Бастет Ноар ја основа на крај на 2013тата година, а самата платформа започнува како место за промоција и продажба на македонските модни дизајнери надвор од границите на Р.Македонија. Како таков концептот не е успешен и затоа две години подоцна Бастет Ноар се трансформира во бренд кој почнува да изработува персонализирани парчиња облека според преференците и мерките на своите клиенти. Овој бизнис концепт го претвора Бастет Ноар во глобален бренд, чии колекции се вклучени на сајтови како Huffington Post и Refinery29 со повеќе од 600 онлајн партнери кои ги носат и продаваат колекциите на Бастет Ноар и парчиња продадени во 68 држави, распространети на 4 континенти. Во 2015та, Даниела го започнува и својот втор бизнис, Coffice, мал коворкинг простор во центарот на Скопје, прв од овој вид во Македонија.