На 19-ти февруари во просториите на Академијата АБИТ се одржа ОТВОРЕН ДЕН ЗА СПЕЦИЈАЛИСТИЧКО ДУАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ во рамките на Академијата АБИТ и Институтот ХАЈДЕЛБЕРГ.

На настанот беше презентирана новата проширена програма на специјалистички обуки од страна на АБИТ, кои се дел од дуалните магистерски студии на Институтот ХАЈДЕЛБЕРГ.

Програмите се категоризирани во три школи, кои се дел од двете студиски програми.

✔ Школа за ИТ

✔ Школа за банкарство

✔ Школа за финансии

✅ MBA in Finance & Controlling (dual degree) 
✅ MBA in Business Data Governance & Business Informatics

Дел од новите програми за  Информатичката Технологија:

Присутните имаа можност да се запознаат со раководителите на сертификационите програми и предавачите (истакнати експерти во секоја област), исто така и со содржината на магистерските студии, специјализациите, начинот на полагање, испитните сесии итн. кои се подржано од: 
➡️ ФОРУМ Институтот од ХАЈДЕЛБЕРГ
➡️ ХОРВАТ Академијата од ШТУДГАРД
➡️ Универзитетот од МАНХАЈМ и 
➡️ СТРАШЕК Институтот за иновации и претпримеништво, како дел од “EBS” прво рангираната Бизнис Школа во ГЕРМАНИЈА.

Ви благодариме на присуството!


Icon

Ул. „Орце Николов“ бр. 75 1000, Скопје (зграда на Македонска берза АД Скопје - први кат)

Icon2

+389 2 312 5500


Site by